
Компанијата Stelantis претстави 12 нови електрични комбиња во Амстердам, кои се дел од стратегијата „Pro One“.
Станува збор за целосно обновена и електрифицирана понуда на комерцијални возила Stelantis, која ги вклучува марките Citroen, FIAT Professional, Opel, Peugeot и Vauxhall.
Марките на компанијата користат напредни електрифицирани погонски единици и технологии.
Како што е наведено, Stellantis е лидер во погонските единици на комерцијални возила со нулта емисија во Европа, нудејќи опции и за електрични возила со батерии (BEV) и за возила со водородни горивни ќелии.











