
Во соопштението објавено по состанокот во Министерството за бизнис и домашно производство, претставниците на „Стелантис“ повторија дека Италија има „централна улога“ во глобалната стратегија на компанијата.
„Стелантис“, кој го вклучува и „Фиат“, истакна дека има „волја да создаде одржлива иднина за бизнисот во Италија“, пренесе АНСА.
„Минатата година во Италија беа произведени само 450.000 автомобили наспроти 1,4 милиони регистрации, а 80 отсто од стимулациите завршија за купување автомобили од странско производство, вклучувајќи го и „Стелантис“. Ова повеќе не треба да се случува“, изјави Адолфо Русо, поранешен министер за бизнис и домашно производство.
„Стелантис“ е чадор компанија за 14 производители на автомобили, меѓу кои се „Фиат“, „Алфа Ромео“, „Крајслер“, „Џип“, „Цитроен“, „Масерати“ и други.











