STEMI, робот – пајак којшто го прави забавно учењето на природните науки

62

s

STEMI е робот – пајак којшто служи за учење роботика, електроника и програмирање. Зад овој проект стои тим од млади научници, економисти и научници од Загреб и Риека во рамки на здружението Бура од знаење.

Проектот STEMI е насочен кон популаризација на науката, технологијата, инженерството и матетикатиката (Science, Technology, Engineering и Mathematics) во образовните институции, за да се промени начинот на којшто денес се образуваат младите од природонаучните области, пишува Нетокрација.

Целта на роботот – пајак, со којшто може да се управува со паметен телефон, е да покаже дека учењето може да биде иновативно и забавно.

“Да се поврзе проектното учење и роботот претставува добитна комбинација, бидејќи она што им недостасува на децата кога учат 3D моделирање, математика, физика, електроника и програмирање во училиште е мотивацијата, а во тој случај роботот е идеално решение“, вели Марин Трошељ, соосновач и оперативен директор на STEMI за Пословни дневник.

Роботот со шест нозе се најде на глобалната платформа за групно инвестирање, Indiegogo, каде што е планирано да се соберат 16.000 долари. Овие средства би биле доволни да изградба на платформа и производство на мултимедијални содржини. Дел од собраните средства ќе бидат донирани во форма на образовни пакети во хрватските училишта и други образовни инстутиции.