Стигна одобрение од ЕЦБ: НЛБ ќе ја преземе српска Комерцијална банка до крајот на месецот

260

Министерот за финансии во српската влада, Синиша Мали, изјави дека процесот на преземање на државната Комерцијална банка од страна на словенечката НЛБ треба да заврши до крајот на годината, и дека сумата од околу 400 милиони евра ќе биде уплатена во државниот буџет по тој основ.

Мали за Танјуг изјави дека неопходната согласност на Европската централна банка (ЕЦБ), со седиштето во Франкфурт, пристигнала пред неколку дена ѝ била доставена до Народната банка на Србија.

Околу 60 милиони евра веќе ѝ се исплатени на државата преку дивиденда, а исплатата на заостанатите дивиденди беше еден од условите за затворање на трансакцијата за преземање на Комерцијална банка.

“Очекуваме согласност од Народната банка на Србија во следните неколку дена и останува да се соберат уште неколку документи. Очекувам трансакцијата да биде затворена до крајот на годината и да биде уплатена во буџетот“, рече Мали.

Тој вели дека дел од парите од таа исплата ќе бидат искористени за исплата на долг од 170 милиони евра кон Азербејџан.

Приватизацијата на Комерцијална банка – Србија е дел од договорот со ММФ кој истекува на крајот на годината.

Покрај 387 милиони евра, Србија ќе заработи околу 460 милиони евра за 83,2 % од акциите во државна сопственост до крајот на преземањето, пишува Танјуг.

Фото: Pixabay