Стигна петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка

33

Развојната банка ја повлече петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка. Со оваа транша се обезбедува поддршка на 43 проекти на домашни мали и средни компании кои ќе вработат нови 103 лица. Од нив 53,1% се компании од областа на производството.

Ова воедно е и последната транша од ЕИБ 6 кредитната линија наменати за мали и средни компании во износ од 100 милиони евра. Со оваа кредитна линија се даде поддршка на 271 компании кои вработуваат нови 770 лица. Најголема поддршка е дадена за компании кои се занимаваат со производство 39%, потоа трговија 36%, транспорт 8%, градежништво 7% и друго.

До сега, преку ЕИБ се повлечени 6 (шест) кредитни линии и инвестирани се 550 милиони евра за поддршка на 2.361 мали и средни компании во државата.

Развојната банка заедно со Министерството за финансии е во фаза на преговори со ЕИБ за обезбедување на нова кредитна линија за поддршка на малите и средни компании и за зелена транзиција во износ од 100 милиони евра.