Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата

51

Најновиот пакет мерки на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе има мал ефект врз економијата на еврозоната која е уништена од коронавирусот, според анкетата на Ројтерс, која ги намали за половина изгледите за раст во првиот квартал.

И покрај одлуката на ЕЦБ да ги надополни своите итни мерки поради пандемијата од половина трилион евра на 1,85 трилиони евра и да ја продолжи програмата за девет месеци, економските изгледи на блокот остануваат мрачни.

Анкетата на Ројтерс, спроведена на над 80 економисти предвидува дека економијата во еврозоната се намалила за 2,5% во последниот квартал, откако пораснала за 12,5% во третиот квартал. Економијата се очекува да порасне за 0,6% во овој квартал, скоро половина од прогнозата за раст од 1,1% дадена пред еден месец.

Повеќе од 70% од економистите велат дека последните политички потези на ЕЦБ ќе имаат мало влијание врз економијата во еврозоната. Според други, тие ќе обезбедат значителен поттик.

“Каматните стапки се веќе толку ниски, а политиката е исклучително лабава, така што засега монетарната политика не може да влијае на инвестициите или побарувачката на потрошувачите. Затоа не сметаме дека ЕЦБ може да има големо влијание врз економијата во моментов.Очекуваме тешки неколку месеци. Рестриктивните мерки ќе влијаат на економијата и очекуваме пад на БДП-то во последниот квартал на 2020-та година, како и во првиот квартал од оваа година. Значи, технички сме во рецесија“, рече Кристоф Вајл, виш економист во Commerzbank.

Повеќе од 25% од учесниците во истражувањето очекуваат еврозоната, каде растот падна на рекордно ниско ниво во првата половина на 2020 година, повторно да влезе во техничка рецесија на два последователни квартали на контракција од 11-ти до 15-ти јануари.

На годишно ниво, економијата се очекува да опаѓа за 7,3% во 2020 година, приближно во согласност со последното истражување, но за оваа година просечната прогноза е намалена на 4,5% од 5% во минатиот месец. За 2022 година, прогнозата за раст е зголемена на 3,9% од 3,5%.

“Почетокот на годината продолжува да носи лоши вести за Европа со влошување на здравствената состојба. Бидејќи блокадите веќе се шират во неколку земји, краткорочните ризици за економските перспективи се јасно искривени, особено што вакцинацијата сè уште е бавна“, рече Анхел Талавера, раководител на истражувањето на европската економија во Oxford Economics.

Повеќе од 70% од испитаниците или 30 од 42 лица очекуваат економијата да се врати на нивото пред кризата во рок од две години, а шестмина веруваат дека тоа ќе се случи за една година. Останатите предвидуваат дека ќе трае повеќе од две години.

Фото: Pixabay