Стивен Синофски го напушти Windows

27

Стивен Синофски, шеф на одделот Windows на Мајкрософт, ја шокираше јавноста и си замина од компанијата само неколку недели по претставувањето на Windows 8.

Мајкрософт не ги соопштува причините за неговото заминување. На негово место доаѓа Џули Ларсон Грин, а промените веднаш стапуваат на сила.

Синофски го сметаа за можен наследник на извршниот директор на Мајкрософт, Стив Балмер. Тој во компанијата влезе во 1989 година, а во 2009 го презеде Windows и воведе ред и дисциплина во оперативниот систем по неуспехот на Виста и го презентираше фалениот Windows 7.

Според медиумите, Синофски не бил омилен меѓу другите директори и никогаш не бил тимски играч.