СТО: Фрагментацијата на глобалната економија го намалува БДП за 5,0 отсто

69

Фрагментацијата на глобалната економија и повлекувањето од светските трговски текови ќе ги направи земјите поранливи на производствени шокови предизвикани од природни катастрофи и појава на смртоносни болести, изјави генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеила.

Во своето обраќање на настанот организиран од Националниот совет за надворешна трговија на САД, таа рече дека економистите проценуваат дека фрагментацијата на глобалната економија може да го намали глобалниот бруто домашен производ за 5,0 отсто на долг рок, пренесе Ројтерс.

Генералниот директор на СТО предупредува дека овие загуби ќе се влошат со повисоки трансакциски трошоци и проблеми со платниот биланс. Во исто време, ќе го отежне решавањето на проблемите како што се климатските промени или стабилизацијата на глобалните пазари за храна и ѓубрива, каде што војната во Украина веќе предизвика сериозни нарушувања, заклучи таа.