СТО ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 година и предупредува на голем пад

Светската трговска организација (СТО) значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 отсто оваа година поради негативните ефекти од американските царини.

Таа прогноза претставува остар пресврт од претходно предвидениот раст од 3,0 отсто, додека организацијата предупредува дека трговијата може да доживее најголем пад од 2020 година, кога светот беше погоден од пандемијата на корона вирусот, објави Ројтерс.

СТО соопшти дека новата проценка се заснова на тековните трговски мерки, вклучително и големите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за челик, автомобили и стоки од Кина.