СТО: Кризата со храна може да трае со години

57

Кризата поради недостигот на храна, која започна поради војната во Украина, може да трае со години доколку сега не се преземе решителна акција, изјави генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо Ивеала.

„Се плашам дека недостигот на житарки, предизвикан од војната во Украина, ќе доведе до застрашувачка ситуација низ светот“, изјави Оконџо Ивеала.

Таа наведе дека Украина задоволува 42 отсто од светската побарувачка за сончогледово масло, 16 отсто од светските потреби за пченка, 10 отсто за јачмен и девет отсто од светската потрошувачка на пченица.

Ако сега не обезбедиме извоз на украинското жито и магацините останат полни, ќе пропадне и жетвата што доаѓа во јули, а потоа недостигот ќе трае со години и тоа ќе биде вистинска катастрофа за некои делови од светот, рече директорот на Светската трговска организација.

Според неа, најтешките последици ќе има во Африка, бидејќи многу земји од тој континент увезуваат храна и вештачки ѓубрива исклучиво од регионот на Црното Море.