СТО постигна прв глобален трговски договор од основањето

12

wtoРечиси 160 министри за трговија на земјите членки на Светската трговска организација (СТО) во саботата на Бали го одобрија првиот договор за трговски реформи, кој би можел да ја зајакне глобалната економија за 1.000 милијарди долари.

Одобрување дојде по долги преговори, откако Куба се откажа од заканата за вето на пакетот мерки и се согласи на компромис со САД.

“Се вративме во игра… Бали е само почеток”, изјави шефот на СТО, Роберто Азаведо.

Преговорите, што започнаа на 3 декември, резултираа со првиот глобален трговски договор на СТО од нејзиното основање во 1995 година.

Овој договор предвидува намалување на царинските бариери и забрзување на протокот на стоки преку царините, унапредување на трговските олеснувања за земјите во развој, обезбедува производство и испорака на храна за најсиромашните, ограничување на неправедните субвенции во земјоделието, како и мерки за помош на најмалку развиените земји.

Договор треба уште да го одобрат владите на сите земји членки на СТО.