Стокхолм го преполови бројот на електрични скутери на улиците

89

Стокхолм е уште една во низата светски метрополи чии власти одлучија да го преполоват бројот на електрични скутери на нивните улици, наметнувајќи ограничувања на овој сè почест, контроверзен начин на транспорт во урбаните средини.

Градскиот совет гласаше за ограничување на бројот на дозволени скутери на улиците на главниот град на 12.000, во споредба со претходните 23.000, објавија локалните медиуми.

Во исто време, бројот на овластени компании кои изнајмуваат скутери е намален на само три од досегашните осум. Ограничувањата ќе стапат на сила на 1-ви јануари, а градските власти ќе ги објават имињата на компаниите на кои ќе им биде дозволено да ги задржат лиценците за изнајмување во наредните недели, изјавија градските власти по гласањето.

Употребата на електрични скутери драстично се зголеми во последниве години во поголемите градови низ светот, како и контроверзите околу нивната употреба и безбедност.

Поддржувачите веруваат дека ова е многу удобен начин за превоз во градот, но критичарите веруваат дека ги има премногу на улиците и дека при големи брзини тие можат да бидат многу опасни за сите учесници во сообраќајот.

Неколку светски метрополи воведоа посебни патеки за нивното движење.