Столчето на кое Џ.К. Роулинг ја напиша Хaри Потер продадено за 394.000 долари

41

harry-potter-chair.0.0

Столчето на кое што писателката Џ.К. Роулинг ги напиша легендарните новели за магионичарот Хари Потер си доби нов сопственик, пишува Fortune. Уникатното парче мебел беше продадено на аукција за неверојатни 394.000 долари заедно со писмо од авторката.

Пред да стане една од најбогатите жени во светот, Роулинг живееше во јавна зграда во Единбург, Шкотска. Собата во која писателката ја најде својата инспирација имала вкупно четири различни дрвени столчиња од кои едната изработена уште од 1930 година од дабово дрво.

JS86713016

Фамозната столица беше купена на аукција во Њујорк во хотелот Waldorf Astoria од анонимен купувач, најверојатно голем фан на приказната, кој за неа плати осум пати повеќе од очекуваната сума.

Писателката во 2002 година ја даде столицата на аукција, а парите беа донирани во добротворени цели. Потоа истата беше повторно продадена во 2009 за 27.502 долари и во следните седум година нејзината вредност се зголеми за дури 14 пати.

Столицата е декорирана од Роулинг со името на Хари Потер и други елементи што асоцираат на новелите.