Столици од 1,2 милиони долари

44

kineske stolice

Пар класични кинески столици од колекцијата Reverend Richard Fabian е продаден за неверојатна цена од 1,2 милиони долари на аукција во Sotheby’s.

Основачот на епископалната црква St Gregory’s Of Nyssa, отецот Фабијан откако го купил првото парче скап кинески мебел во 1974 година станал уште поголем љубител на ваквиот вид на уметност.

Целата колекција денес содржи вкупно 63 класични парчиња мебел од периодот на Минг до првите години од владеењето на династијата Кинг. Покрај столиците во колекцијата припаѓаат и ормарите Huanghuali Latticework, изрезбаната Huanguali Bamboo-Style фотелја од бамбус и неколку мали научни предмети.

Сепак она што најмногу го привлекува вниманието се токму двете дрвени столици со врвна изработка, долга историја и екстремно висока цена.