Стоп за воените профитери: Бајден најде начин да ги казни богатите нафташи

130

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе воведе нови даноци за ограничување на „вишокот профит“ на американските нафтени компании, инсистирајќи дека тие „мора да помогнат во намалувањето на цените за потрошувачите“.

Исто така, Бајден ги обвинува дека берат „несоодветни плодови“ на сметка на конфликтот во Украина.

Тој тврди дека компаниите оствариле профит „толку висок што е тешко да се поверува“, сето тоа откако избувна војната во Источна Европа на почетокот на оваа година.

– Денешните рекордни профити на нафтените компании не настанаа затоа што прават нешто ново или иновативно. Нивниот профит е „плод на војната“, неочекувана добивка од бруталниот конфликт што ја пустоши Украина и повредува десетици милиони луѓе ширум светот – рече Бајден, додавајќи дека тие имаат „одговорност да дејствуваат во интерес на нивните потрошувачи , нивната заедница и нивната земја“, пренесува RT.

Во меѓувреме, „Ексон“ објави профит од 18,7 милијарди долари во третиот квартал, што е повеќе од три пати повеќе од остварениот износ минатата година и највисок во 152-годишната историја на компанијата, рече Бајден.

Иако тој не прецизираше што точно ќе подразбираат новите даноци, Бајден рече дека компаниите мора „да инвестираат во Америка со зголемување на капацитетот за производство и преработка“ за да ги намалат цените за потрошувачите.