
Стопанска банка АД – Скопје упати итно предупредување до своите клиенти, физички и правни лица, поради појава на лажни и опасни е-маил пораки чија цел е кражба на лични и платежни податоци или финансиска измама.
„Информираме дека дел од нашите клиенти – физички и правни лица – добиле e-mail пораки со наслов „Извод од денарска сметка бр184“, испратени од руски сервери, кои содржат ZIP прилог со малициозна содржина.
Ве потсетуваме да бидете особено внимателни. Не отворајте непознати или сомнителни прилози и не кликајте на линкови доколку не сте сигурни во нивното потекло.
Ваквите пораки може да имаат за цел кражба на лични и платежни податоци или финансиска измама.
Доколку сте ја отвориле пораката со наведениот наслов или нејзиниот прилог, веднаш иницирајте антивирусно скенирање на уредот. При забележани сомнителни трансакции или неовластен пристап до вашите банкарски услуги, веднаш контактирајте го Контакт центарот на Банката.
За ваша безбедност, сомнителните пораки избришете ги без да го отворате прилогот или да кликате на линковите во нив., апелираат од Стопанска банка АД – Скопје












