Стопанска банка со известување за каматните стапки на трансакциски и штедни сметки

22

Од први јануари, Стопанска банка АД – Скопје, ги намали каматните стапки за позитивната состојба на трансакциските и на штедните сметки, при што на позитивното салдо, банката пресметува и исплатува камата по каматна стапка од 0,00% годишно на трансакциските сметки и 0,0001% годишно на штедните сметки.

За детален увид во актуелните услови за трансакциските и за штедните сметки во примена од01.01.2019 година, обратете се во Филијалите на банката, на веб страницата на Банката на следниот линк и во 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109.