Стопанска банка започнува процес на наследување на позицијата на Генерален извршен директор и Претседател на УO

Согласно важечките регулаторни обврски и интерните политики за добро корпоративно управување, Стопанска банка АД – Скопје  преку Македонска берза информира дека започнува процес на наследување (сукцесија) на позицијата на Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор.

Диомидис Николетопулос останува на позицијата сè додека новиот кандидат кој ќе се именува не ги добие сите потребни согласности, со цел обезбедување на континуитет и соодветна транзиција.