Стопанска комора на Србија ги затвора претставништвата во Загреб и Подгорица

24

PKSСтопанската комора на Србија ги затвора претставништвата во Загреб и Подгорица, изјави потпретседателот на Комората, Михаило Весовиќ за Танјуг. Весовиќ како причина за затворање на овие две претставништва ја наведува близината на тие пазари, затоа што не постои ниту јазична, ниту деловна бариера за да биде неопходно некој постојано да е на терен. Воедно, со затворањето ќе се заштедат повеќе средства, а Комората ќе ги задржи претставништвата на клучните пазари, како што се Москва, Брисел, Милано, Франкфурт, Виена и Париз.

Весовиќ додава дека целиот концепт на економска дипломатија и претставништвата што ги има Стопанската комора во светот во моментов се во процес на реформи.

Комората има вкупно осум претставништва, а по затворањето на овие две, од Нова година ќе останат шест, пишува Танјуг.