Претприемништвото – иднината на студентите, е новиот проект кој го организираат Стопанската комора на Македонија и Студенсткиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Целта на проектот е развој и промоција на претприемништвото и поттикнување на студентите за значењето на секоја бизнис идеја.
Креативноста, иновативноста и способноста за преземање на ризици се основите на претприемништвото, но развивањето на претприемачка култура, особено кај младите, подразбира и развивање на потребните вештини и способности.
Во проектот ќе бидат опфатени 100 студенти од Универзитетот, а тој ќе им помогне на идните претприемачи да остварат директни контакти со успешните бизнисмени, да стекнат и да ги надградат потребните способности, вештини и знаења, а со тоа и да ги зголемат шансите за реализација на своите бизнис идеи и полесно справување со предизвиците кои ќе се појават.
Почетна Новости Македонија Стопанската комора ќе ги обучува студентите да станат успешни претприемачи