Story Pod – минијатурна дрвена библиотека што ноќе се претвора во осветлена коцка

65

mala biblioteka 1

Во предградие на Торонто е поставена минијатурна дрвена библиотека на дизајнерското студио Atelier Kastelic buffey, пишува Dezeen.com.

mala biblioteka 2

Story Pod е мала библиотека, којашто на посетителите им нуди бесплатно уживање во книгите. Овој мал објект во текот на денот се отвора како книга, а во текот на ноќта се затвора и се трансформира во осветлена коцка. Во текот на ноќта, минијатурната библиотека ја осветлуваат LED сијалици, коишто се напојуваат од соларните плочи што се поставени на покривот.

mala biblioteka noke

Секој посетител може да си позајми книга и да ја чита седејќи на поставените клупи, а може да и да остави своја книга на подарок.

Story Pod е дел од глобалниот проект Little Free Library, којшто започна во Висконсин во 2009 година, со идеја да го поттикне читањето на светско ниво.

mala biblioteka