Странците во Хрватска даваат 16% повисоки плати

21

kuniВо првото тримесечје, просечната нето плата во Хрватска изнесувала 700 евра, покажува истражувањето на порталот МојПосао, пренесува Пословни дневник. Во приватните фирми чии сопственици се странци, платите биле за 16% повисоки од просекот, додека во приватните фирми претежно во домашна сопственост, платите се 7% под просекот. Платите во државните фирми се 3% над просекот. Освен топ менаџерите, кои имаат 115% повисока плата од просечната, најплатени професии се телекомуникации, технологија и развој. Најмали примања имаат работниците во текстилната и кожарската индустрија, со 40% пониски плати.