
Странците во Црна Гора поседуваат околу 50.000 згради и 94.000 парцели, изјави за Форбс Црна Гора директорот на Управата за недвижности Марко Булатовиќ.
Тој рече дека странците поседуваат најмногу земјиште во општините на северот на Црна Гора (Пљевља, Никшиќ, Плужине, Колашин, Жабљак…), додека бројот на објекти и посебни делови од згради во сопственост на странски државјани е најголем во приморските општини (Будва, Херцег Нови, Улцињ, Котор, Тиват…).
Најмногу странски државјани кои имаат права на недвижности според катастарската евиденција се од Србија – 15.038, од Руската Федерација – 4.529, од Босна и Херцеговина – 2.474, од Германија – 2.243, од Турција – 1.319, од Соединетите Американски Држави – 1.148, од Хрватска – 877, од Украина 847, од Косово – 713 Велика Британија – 620. (Во Црна Гора, според резултатите од пописот од 2023 година, има вкупно 392.909 станови.)
Во интервју за Форбс Црна Гора, Булатовиќ рече дека подобрувањето на квалитетот на податоците во постојната евиденција е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Управата и дека веќе е започнат проект за усогласување со цел податоците од катастарот на недвижностите да бидат точни и веродостојни.