Странски јазици што најмногу се изучуваат во ЕУ

37

Меѓу јазиците коишто најмногу се изучуваат во училиштата во ЕУ се: англиски (86,8%), француски (19,4%), германски (18,3%), шпански (17,5%), руски (2,4%) и италијански (2,3%).

Вкупно 55% од учениците во средните училишта во земјава учеле повеќе од два јазика во 2018 година, покажуваат податоците на Eurostat.

На ниво на Европска унија, тој процент е 48%. Најголем процент на средношколци што учат повеќе од два странски јазика е Романија со 98%, по што следуваат Финска со 94% и Луксембург со 82%.

Од друга страна, во Грција само 1% од средношколците учеле повеќе од два странски јазика.

Од земјите во регионот, во Бугарија 57,8% од средношколците учеле повеќе од два странски јазици, во Хрватска 50,4%, а во Словенија 48,7%.

Фото: Pexels