Странските инвестиции во БиХ на најниско ниво во последните 20 години

15

tus

Странските директни инвестиции во Босна и Херцеговина се на најниско ниво во последните 20 години. Во исто време е присутен и трендот на таканаречено бегство на инвеститори од БиХ, од кои некои оставаат и огромни долгови, додека голем број работници завршуваат на улица, пишува Независне новине.

Странските инвестиции во БиХ во вториот квартал оваа година се околу 20 милиони евра. Вкупните инвестиции во првото полугодие на 2014 година се околу 38 милиони евра, што е намалување од 54,3% во споредба со истиот период минатата година.

Во прилог на тоа одат и последните настани, пред се, поврзани со словенечкиот синџир на продавници Туш, кој се повлекува од БиХ и остава без работа околу 600 работници и милионски долгови кон добавувачите.

Од БиХ се повлекува и белгискиот трговски синџир Delhaizе, а масовно се отпуштаат работници од фабриката за апарати за домаќинство Bira од Бихаќ.