Странците масовно купуваат недвижен имот во Албанија

64

Во последните неколку месеци еврото изгуби 3,5 отсто од вредноста во однос на албанската валута лек, а за тоа придонесоа повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па завршувајќи со девизните трансакции во големи количини, објави локалниот Топ Канал.

Странските граѓани купуваат недвижен имот и тоа ја зголемува понудата на европската валута во земјата, што влијае на нејзината девалвација, пренесува Индикаторот.

Податоците на Централната банка на Албанија покажуваат дека странците рекордно купиле недвижен имот во земјата минатата година. Вредноста е 291 милион евра со годишен раст од 52 отсто.