Страшен пад на европската автоиндустрија

142

Европската автомобилска индустрија во септември доживеа еден од најлошите падови во својата историја. Продажбата на автомобили во Западна Европа падна на 9,7 милиони возила во септември од 11,9 милиони во август.

Ако се погледнат големите производствени групи, се чини дека Daimler помина најлошо. Компанијата значително ги намали проценките за вкупната продажба на Mercedes-Benz. Во септември нивната продажба практично се преполови.

Така, Германците продале 2,3 милиони возила. Тоа е околу половина милион продадени автомобили помалку во споредба со август. Просечна продажба на национално ниво на Германија во периодот 2017-2019 година изнесуваше 3,5 милиони возила.

Британската автомобилска индустрија во септември го доживеа најлошиот месец во последните 20 години, продајќи вкупно 1,2 милиони автомобили.

Француските производители паднале од 1,7 милиони возила од јануари до август на 1,6 милиони возила, пишува Јутарњи лист. Пред пандемијата, во 2019 година, тие продаваа 2,2 милиони возила месечно.

Во Италија во септември се продадени 1,3 милиони возила, што е за 400 илјади помалку од претходниот месец. Ова се податоците на организацијата LMC Automotive. Експертите оценуваат дека причина за падот на продажбата се пред сè доцнењата во синџирите на снабдување, особено кога се работи за набавка на полупроводници.