Стратегија за криза – Римац ги задржува сите вработени и подготвува 12 месечен план за “преживување“

362

Хрватскиот претприемач и сопственик на компанијата Rimac Automobili, во видео на својот YouTube  канал соопшти дека нема да отпушта работници и сите негови вработени ќе примаат полна плата. Истакна дека работат на план за најцрно сценарио кое би траело 12 месеци.

Како што наведува здравјето на неговите вработени и семејства е на прво место и затоа ги испратил дома работниците на 16 март.

“Тогаш мислев дека е погрешна одлука бидејќи сите продолжија да работат, но денес сепак ми чини дека тоа беше добра одлука бидејќи немаме ниту еден случај на Ковид -19 меѓу работниците“, вели Римац.

Додава дека сите работни места, а моментално вработува над 720 лица, постојано вработени, студенти и надворешни сработници ќе ги задржи и нема да ги намалува платите.

“Мојата задача, како и на менаџментот е да работиме и во најцрно сценарио. Компанијата да може да опстане и до 12 месеци, се обидуваме да го минимизираме негативното влијание на ситуацијата. Затоа од оваа недела почнуваме да работиме во помал тим. Зошто сега? Затоа што некои проекти ни се многу важни како C_Two. Сакавме да почнеме со испорака оваа година. Моментално работиме на прототипови за хомологациски процес. Сега со мал тим ќе продолжиме да работиме на тоа“, вели Римац.

Вели дека во неговата компанија се обезбедени сите заштитни услови со средства за дезинфекција, заштитна опрема и дека нема мешање меѓу одделите, а состаноците се одржуваат виртуелно.

Фото:Facebook