Стравот ги менува навиките на Кинезите

45

Со излегувањето од карантин, семејствата во Кина се соочуваат со економска неактивност, несигурност на бизнисите и нивните примања, а сето тоа може значително да влијае врз нивната потрошувачка.

Иако средната класа, како што пишува Seebiz, не е најзагрозена од состојбата во кинеската економија, за разлика од најсиромашните граѓани, нејзината важност е во тоа што таа класа во Кина најмногу ги одредува трендовите во потрошувачката. Историски гледано, тие се склони кон штедење, а бидејќи во овој момент голем дел од нив се без работа, имаат време да испланираат како ќе трошат во иднина.

“Потрошувачките приоритети се менуваат. Фокусот е ставен на семејството и онлајн продавниците што нудат поевтини производи, но и точно утврдена потрошувачка, со оглед на тоа што закрепнувањето на економијата ќе потрае“, смета Ема Ванг, која живее во Кина и ги објаснува промените во потрошувачките навики на нејзините сонародници по пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Иако производството во Кина е стабилизирано, скоро на 95% од вредноста што ја имаше пред да избие пандемијата, сепак домашната потрошувачка и понатаму е намалена.

Нормализирање на секторите, како што хотелиерство, туризам и авиосообраќај, ќе причекаат до следната година.

Во Европа, луѓето фокусот го ставаат на естетика и функционалност на производите, додека Кинезите во овој момент ги преферираат емоционалните искуства и чувството на припадност. Тоа значи дека ќе продолжат да го градат својот однос со брендовите со коишто се поврзани.

Фото: Pixabay