Стрес тест за банките во Бугарија од оваа година

20

БНБ

Бугарија се обврза до декември годинава да го подложи на стрес тест целиот банкарски систем, соопшти Бугарската народна банка (БНР). Оваа и уште неколку препораки беа одобрени од Европската комисија на состанокот на министри за финансии на ЕУ во петокот, пишува Труд.

Брисел инсистира на стрес тест со аргумент дека одземањето на лиценцата на КТБ ја поткопа довербата во банкарскиот надзор во земјата. Затоа на Бугарија ѝ препорачува да изврши “независна анализа на квалитетот на активите во целиот банкарски систем”.

Се препорачува власта да преземе мерки за засилување на надзорот над банкарскиот и небанкарскиот сектор, преку зајакнување на одредбите за гарантирање на депозитите и заздравување на банките. Владата ќе треба да изврши и преглед на портфолијата на пензиските фондови и осигурителните компании.