Стресни навики што секој треба да ги елеминира

37

stres

Фото: Pixabay

Неколку навики што се виновни за стресните ситуации во коишто запаѓаме, а не е тешко да се елиминираат.

Одложување

Сите одложуваме, некој помалку, некој повеќе. Но, не смееме да дозволиме да се насоберат незавршени работи до таа мерка што ќе ни предизвикаат стрес. Трудете се да ги решавате работите една по една, не одложувајте за утре или понатаму кога може да се заврши сега. Ова важи за било која работа, без разлика дали е средување на бирото или состанок што подолго време го одложувате.

Дезорганизација

Дури и ако ги организираме работите и создадеме систем за да ги одржиме во ред, можно е да се случи да дојде до хаос во одреден момент. Најголем дел од работите ги доживуваме визуелно, затоа прво треба да го средиме нередот што ни е пред очи, па потоа да поминеме на останатите работи за коишто е потребно малку повеќе труд.

Доцнење

Доцнењето секогаш носи доза на стрес. Треба да брзаме за да се подготвиме, да стигнеме на одреденото место… Ако научиме да доаѓаме навреме значително ќе го намалиме стресот. За да не доцните треба да знаете колку време навистина ви е потребно за да се подготвите за дневната обврска и да го распределите соодветно. Така нема да брзате, ќе бидете навреме и стресниот момент ќе биде елиминиран.

“Цицачи” на енергија

Одредени работи или луѓе нè прават непродуктивни, ни носат стрес или едноставно ни ја одземаат енергијата потребна за нормално функционирање. Ако ги препознаете тогаш полесно ќе може да ги елиминирате или во најмала мера да го ограничите нивното влијание врз вас.

Нечесност

Ако знаете дека никому не сте му нанале неправда или било какво зло, тогаш и совеста ќе ви биде мирна што ќе придонесе за мирни ноќи. Во спротивно, ако сте постапиле нечесно спрема некој ќе чувствувате вина и стресот ќе станува сè поголем.

Двоумење дали да се каже или премолчи

Многумина се двоумат дали да го кажат тоа што го мислат. Некои почесто премолчуваат други не ги задржуваат зборовите во себе. Сепак, понекогаш е тешко да се донесе правилната одлука и со тоа се доведуваме во стресна ситуација. За тоа да не биде така кога не сте сигурни направете како што ве води инстинктот. Секако не смеете да кажувате било што и било кому, но не смеете ниту да премолчувате кога нешто треба да се соопшти. Вистината е секогаш правилниот одговор.