Извозот на дијаманти во светот минатата година беше на ниво од 73,9 милијарди долари, што е пад за околу една третина (34,9%) во однос на 2019 година.
Петте најголеми извозници на дијаманти во светот (Индија, Хонгконг, САД, Белгија и Обединетите Арапски Емирати) генерираат 68,6% од вкупниот извоз на глобално ниво, покажуваат податоците на World’s top exports.
Индија има најголем удел од 20,6% и инкасирани 15,2 милијарди долари од извоз на дијаманти во светот. Меѓу 10-те најголеми извозници на дијаманти во светот се и: Хонгконг (10,5 милијарди долари), САД (10,4 милијарди долари), Белгија (8,2 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (6,4 милијарди долари), Израел (5,4 милијарди долари), Боцвана (3,8 милијарди долари), Русија (3,2 милијарди долари), Јужна Африка (1,4 милијарди долари) и Швајцарија (1,2 милијарди долари).
Од земјите во регионот, најголем извозник на дијаманти е Грција со 1,3 милиони долари, по што следат: Албанија (184.000 долари), Хрватска (127.000 долари), Србија (31.000 долари), Бугарија (10.000 долари) и Словенија (2.000 долари).
Фото: Pixabay