Strottarga Bianco – најскапиот кавијар на светот

91

duurste-kaviaar-wereld-kost-36000-euro-per-theelepelStrottarga Bianco е најновиот кавијар кој моментално важи за најскапата храна во светот. Еден килограм од ова “бело злато” чини неверојатни 100.000 евра.

Овој скап кавијар е направен од икрата на ретка албино риба и е обложен со 22 каратно злато.

????????????????????????????????????????????????????????

Новиот производ е дело на австрискиот рибар Волтер Груел и неговиот син Патрик, кои велат дека високата цена не се должи само на неговата уникатност и одличниот вкус, туку и на здравствените придобивки.

102437420-gold_caviar.530x298

Но, сепак овој префинет оброк ќе можат да го вкусат само оние со подлабок џеб во скапите ресторани од Монако, па се до Дубаи.

Таткото и синот решија да го зачинат кавијарот со златни ливчиња затоа што истите се добри за имунолошкиот систем.

????????????????????????????????????????????????????????

Оние што сакат да го вкусат Strottarga Bianco ќе мора претходно да го порачаат преку специјална нарачка.

Пред да му се одземе водата, со што икрата губи 80% од тежината, кавијарот е зачинет со специјални зачини кои допринесуваат за неверојатниот вкус.