Стручни училишта во Турција ќе произведуваат заштитни маски

Ученици од училишта за стручно оспособување во Турција ги здружуваат напорите на земјата да се спречи ширење на коронавирусот преку производство на заштитни маски, пренесува Хуријет.

“Министерството за образование одбра 30 училишта во 14 провинции, вклучувајќи ги Истанбул, главниот град Анкара и Измир, за производство на овие средства за заштита“, вели Махмут Озер, заменик министер за образование.

Ваквите училишта во Истанбул, Бурса и Хатај ќе произведуваат заштитни маски со стандардот N95.

Освен заштитни, во овие училишта ќе се произведуваат и хируршки маски.

Фото: Pexels