Од 1 јануари струјата ќе биде поскапа за 9,48 проценти, информираше претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски. Исто така, донесена е одлука за укинување на дневната евтина тарифа. Но, останува евтина струја навечер и во недела.
„Ова е една од најтешките одлуки кои ги донела Регулаторната комисија од своето постоење. Барањата на компаниите до Регулаторна беа цената да се зголеми за околу 38 отсто. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме трошоци и Владата презема обврска да им помогне на компаниите во наредниот период“, рече Бислимовски.











