Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија додели лиценца на јавното претпријатие за енергетски дејности Струмица Гас за вршење на енергетска дејност – дистрибуција на природен гас до јануари 2048 година.
Струмица Гас доби и лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас која важи до 2023 година.
“Овие лиценци значат дека во следните 35 години Струмица Гас има лиценца за дистрибуција и во следните десет години има лиценца за снабдување со гас. Ова е голема работа, за тоа требаше многу напор, сите бевме максимално ангажирани и покрај тоа што паралелно се одвиваше и градбата и набавката и овој дел на големо задоволство успеавме да го регулирам”, рече Зоран Китанов, директорот на Струмицa Гас.
Китанов посочи дека изградбата на секундарната мрежа продолжува и дека во овие зимски месеци се изградени дополнителни два километри, односно вкупно досега во градот е изградена мрежа во должина од 15 километри.