Струмица Табак прикажа добивка од 114.000 денари во првото полугодие

40

strumica tabak

Акционерското друштво Струмица Табак во првите шест месеци од 2016 година работеше со добивка од 114.000 денари, додека лани истата изнесуваше 3.541.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба изнесуваат 168.766.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 1.225.000 денари, додека остатокот од 167.541.000 денари е остварен на пазари во странство.

Во првото полугодие од 2015 година, вкупните приходи од продажба на Струмица Табак достигнаа 224.287.000 денари.

Основна дејност на Струмица Табак е производство на тутунски производи.