Струмица Табак прокнижи добивка од 4,2 милиони денари за девет месеци

26

strumica tabak

Акционерското друштво Струмица Табак од Струмица за период од први јануари до 30-ти септември 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 4.255.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, Струмица Табак прикажа добивка од 12.201.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата достигнаа 394.513.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани само 833.000 денари, додека остатокот од 393.680.000 денари е остварен на странски пазари.

Во првите девет месеци од минатата година, Струмица Табак имаше вкупни приходи од продажба во висина од 1.238.104.000 денари.