Студеното време ја подигна цената на струјата во Европа

104

Според Eвропски берзи за електрична енергија, цените на струјата во неколку европски земји повторно почнаа да ги уриваат старите и да поставуваат нови рекорди. Како што објави Хавиер Блас, главен дописник за енергија на Bloobmerg News на својот профил на Твитер, цената за еден мегават час електрична енергија во Германија се искачи на 241 евро, што е трета највисока цена досега. 

„Покрај Германија, утре ќе се соочат со екстремно високи цени на струјата и други земји, меѓу кои Франција, Швајцарија и Белгија. Цените во Источна Европа и на Балканот исто така се на високи нивоа, што ги става владите во регионот во незавидна положба“, напиша Блас на Твитер.

Според Eвропски берзи за електрична енергија, тековните цени за електрична енергија се следните: Холандија 219,93 долари за мегават час; Германија 241,87 евра за мегават час; Белгија 267,23 евра за мегават час; Австрија 266,39 евра за мегават час; Франција 270,21 евра; Швајцарија 273,79 евра.

Зошто струјата повторно расте?

Неколку светски медиуми и корпорации нашироко предупредуваа дека со првиот пад на температурата во Европа енергетската криза само ќе се продлабочи. Во суштина, бидејќи има поголема потреба од греење, за овие цели се користи поголема количина на енергија, се вели во соопштението на S&P Global.

Ова доведува до ситуација со цел да се задоволи комбинираната побарувачка и за парно и за производство на електрична енергија, зголемување на цените.

Најголемиот снабдувач со електрична енергија во Велика Британија пред десетина дена предупреди 9 милиони свои корисници да се подготват за постуден период кој може да трае и до 6 недели. Покрај тоа, постуденото време и снегот, исто така, ја погодија Кина, а вториот по големина потрошувач на енергија во светот, исто така, ги зголемува своите енергетски апетити.