Студенти од ФЗНХ учеа за микробиолошките критериуми за безбедност на храната

45

dsc_0145

Триесеттина студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) беа дел од отворениот час, којшто се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство и беше посветен на посветен на основите на законската регулатива за микробиолошките критериуми за безбедноста на храната.

Што се микроорганизмите, кои се патогени предизвикувачи на болести, какво е нивното влијание врз безбедноста и квалитетот на прехранбените производи, која е нивната улога во процесот на производство на храна, се дел од темите на кои беше ставен акцент во презентацијата која ја одржа државниот советник за храна Светлана Колариќ. Таа на студентите им ги објасни основите на системот за безбедност на храната во Република Македонија, активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство за унапредување на соработката со националните и меѓународните институции за безбедност на храната и храната за животни.

Објаснети беа активностите кои ги преземаат инспекциските служби за контрола на безбедноста на храната, за спроведувањето на мониторинг програмите кои ги реализира Агенцијата и за постапувањата согласно нотификацииите кои Агенцијата ги добива како контакт точка на Системот за безбедност на храната и храната на животни на Европската унија.