Студенти од Нови Сад создадоа џебен соларен полнач за мобилни телефони

50

mobilen-telefon-prazen-pixabay

Фото: Pixabay

Студенти од факултетот за технички науки од Нови Сад направија џебен соларен полнач за мобилни телефони, јавува N1.rs.

“Притиснете го копчето два пати и ќе се покаже состојбата на нашата екстерна батерија, потоа ја вклучуваме на телефонот којшто почнува да се полни. Практично, изворот е скоро неограничен додека има сонце… Има доволен капацитет да може еден телефон да се наполни два до три пати“, вели Лазар Петровиќ, студент на факултетот од Нови Сад.

Оваа екстерна батерија може да полни и на 220V и на соларна енергија, со што може да биде решен проблемот со празните батерии на телефоните во секое време.

Соларниот полнач е изум на организација на студенти од повеќе насоки од овој факултет.