Студентите ги избраа Алкалоид и Good Nature за свои омилени брендови

320

good-nature-caev-alkaloid

Алкалоид и Good Nature го добија престижното признание STUBRAND 2016, во рамки на втората по ред пригодна церемонија во Македонија, на којашто се прогласуваат најпопуларните брендови преку еминентната меѓународна агенција за истражување и сертификација, STUBRAND, стои на корпоративната страница на Facebook.

Алкалоид доби признание за позитивен имиџ во категоријата фармација, додека брендот Good Nature беше изгласан од страна на студентите во категоријата чаеви, во конкуренција на 405 останати брендови, класифицирани во 19 категории.

Во годинешното STUBRAND истражување учествуваа 1.024 студенти од сите универзитети во Македонија, чии ставови беа мерени преку уникатна методологија, која од студентите бара во најбрз можен рок да ја искажат првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд, со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know.

Покрај Алкалоид и Good Nature, STUBRAND како прв официјален бренд посветен на промоција на најпопуларните брендови меѓу студентската популација, годинава сертифицираше уште 13 брендови. STUBRAND признанието се доделува на брендови кои имаат позитивен имиџ кај повеќе од 50% од испитаниците.