Студентите од Св. Петар и Павле победници на натпреварот за најдобра андроид апликација

21

Мултифункционална апликација за пребарување и селекција на производи, скенер на продукти, геолокација на мрежа на продавници изработена од страна на група студенти од Универзитетот за информатичка технологија Св. Апостол Петар и Павле, се победници во проектот за најдобра андроид апликација – Проект за општествено одговорни активности, кој го спроведе синџирот на продавници за бела техника Техномаркет.
Станува збор за апликација за андроид оперативни системи, софистицирана според перформансите, истата е динамична, односно работи врз основа на конекција со интернет софтвери.
Координаторот на проектот, проф. Наум Тунтев, изјави дека успех претставува секоја активност на студентите со која нивното теоретско знаење, практично го применуваат во најразлични области.
“Изработката на андроид апликации претставува вистински предизвик за студентите преку кој тие ги покажуваат своите способности за креирање на единствен проект со кој ќе се олесни достапноста до производите. Овој тип на соработка и можност што им се нуди на студентите е од големо значење и пред се искуство кое ќе има голем позитивен ефект во нивната понатамошна кариера”, рече проф. Тунтев.
Групата на студенти кои победија на натпреварот на апликацијата работеле повеќе од два месеци.
Проектот за изработка на апликацијата траеше три месеци, а корисниците ќе можат да ја симнуваат преку Google play.
Техномаркет креаторите на победничката апликација ги награди со Самсунг галакси таблети.