Submaran 10 – дрон што се движи и над и под површина на вода

44

ocean-aero

Фото: Facebookhttps://www.facebook.com/OceanAero.US/

Submaran 10 на компанијата Ocean Aero претставува беспилотно летало што може да се движи над и под површината на океаните, пишува Fox News.

Овој дрон може да патролира неколку месеци без никаков проблем, добивајќи енергија од ветерот и сонцето.

Submaran 10 може да се нурне на длабочина од 201 метар, а достигнува максимална брзина од пет јазли. Додека е на водата, може да ја искористи енергијата на ветрот благодарение на вграденото едро. Има и вградени соларни панели со моќност од 50W.

Долг е околу четири метри, висок 2,44 метри и тежи над 120 килограми.