Индискиот милјардер Субрата Рој, кој заедно со својата делегација од Индија е во посета на Македонија од вчера попладне, денес ќе го посети локалитетот Љубаниште во Охрид.
Планирано е Рој утре да се сретне со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов и да присуствува на свеченото отворање на 53-то издание на Охридско лето.
Компанијата на индискиот бизнисмен во сабота ќе организира голем коктел на кој меѓу другите, е најавено присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.
За потсетување, милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс Сахаријан Македонија на локација кај автокампот Љубаништа, на површина од 240 хектари.
Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.
За таа цел индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.