Субвенции за враќање на пари од пропаднати билети поради санкциите против Русија

15

Државна поддршка во износ од 2,5 милијарди рубљи (41,8 милиони долари) ќе поделат 19 авиокомпании од Русија, објави тамошната Федерална агенција за воздушен транспорт. Субвенциите се наменети за враќање на парите на патниците поради откажани летови.

Патниците чии летови се откажани поради надворешни ограничувања или санкции имаат право на рефундирање. На руските авиокомпании им беше забрането да летаат кон ЕУ веднаш по влегувањето на руската армија во Украина. За субвенции аплицирале 19 авиокомпании, а парите ќе им бидат исплатени на крајот на август и почетокот на септември, пренесе „Комерсант“.

Федералната агенција за воздушен транспорт на почетокот на август објави дека ги прераспределила субвенциите за руските авиокомпании и аеродроми во износ од 54 милијарди рубљи (902 милиони долари) и дека вкупниот буџет на четири државни програми за поддршка на руската авијација изнесува 125,5 милијарди рубли (2,01 милијарди долари).

Мерките за поддршка се наменети за обезбедување на ликвидност на авиокомпаниите и одржување на сообраќајот на домашните линии, додека на затворените аеродроми во јужниот и централниот дел на Русија, за одржување на аеродромската инфраструктура и задржување на персоналот.

Од 24 февруари затворени се 11 аеродроми на југот на Русија.