Суд во Москва го казни Твитер со 37.000 евра

13

Судот во Москва денеска го казни Твитер со три милиони рубљи (околу 37.000 евра), бидејќи, како што се наведува во образложението, одбил да ги отстрани објавите со упатства за подготовка на „молотови коктели” и нацистички кукасти крстови.

Како што беше соопштено, судот го прогласи Твитер за виновен за административен прекршок поради објави со кукасти крстови, упатства за подготвување „молотови коктели”, информации со кои се навредува руската држава, химна и знаме.

Адвокатот на одбраната Олег Володин побарал од судот да ја прекине постапката поради „безначајност”, но судот одбил.

Најголемите интернет сервиси – Гугл, Телеграм, Твитер и ТикТок – беа казнети неколку пати поради одбивање да отстранат содржини забранети во Русија.

Вкупниот износ на казни против овие компании е веќе над 200 милиони рубљи (околу 2,5 милиони евра).