Судот во Санкт Петербург му забрани на рускиот нафтен гигант Газпром да изгради ново седиште во овој град. Проектот вреден 226 милиони долари падна поради археолошките наоѓалишта во градот кој е под заштита на УНЕСКО.
Новото седиште на Газпром, Центар Окхта, требаше да биде висококатница од 400 метри. Областа каде што беше планирано да се гради содржи остатоци од древната шведска тврдина Nyenschantz, која била преземена од руската армија во времето на владеењето на Петар Велики.
Борбата против плановите на Газпром за изградба на висококатница ги мобилизираше припадниците на елитата од културата во градот, која поведе национална кампања против градење во оваа област.