
Суецкиот канал ќе понуди попуст од 15 проценти за контејнерски бродови со нето тонажа од 130.000 метрички тони или повеќе, со оглед на позитивниот развој на безбедносните настани во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандаб, објави денес Управата на Суецкиот канал.
Попустот ќе важи од 15 мај во траење од 90 дена за контејнерски бродови кои ги исполнуваат стандардите, без оглед на тоа дали се полни или празни, објави Ројтерс.
Попустот е намалување на продажната цена што продавачот му го одобрува на купувачот ако купувачот купи одредена количина на стока или исполни одредени услови.
Попустот на цената е дел од продажната цена што производителот му ја дава на дистрибутерот или продавачот на неговата стока, и на овој начин производителот обезбедува униформна конечна цена.
Приходи и проблеми
Приходите од Суецкиот канал, клучен извор на заработка од девизи за Египет, се намалија на 880,9 милиони долари во четвртиот квартал од минатата година, во споредба со 2,4 милијарди долари во истиот период претходната година, поради нападите врз бродови од страна на јеменските Хути во Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб.
Хутите, поддржани од Иран, велат дека се обидуваат да блокираат стока што се упатува кон Израел во поддршка на Палестинците во Газа, но исто така ги принудуваат бродовите да го напуштат каналот.
Минатата недела, шефот на Управата за Суецкиот канал, Осама Рабие, се сретна со претставници на агенциите за превоз, кои побараа привремени стимулации за да се помогне во компензацијата на зголемените трошоци за осигурување за бродовите што пловат по Црвеното Море, кое го сметаат за зона со висок ризик.











