Суецкиот канал оствари рекорден годишен профит од осум милијарди евра 

64

Египетската управа на Суецкиот канал во средата објави рекорд на годишен приход од 8 милијарди долари од транзитни такси во 2022 година, додека земјата се соочува со влошена економска криза.

Приходите од виталниот воден пат се за околу 25 отсто повисоки од очекуваните 6,3 милијарди долари во 2021 година, по серијата зголемувања на патарините за да помогнат во надополнувањето на девизните резерви на Египет, пренесува АФП.

Управата на Суецкиот канал соопшти дека минатата година просечно 68 бродови дневно минувале низ виталниот воден пат, превезувајќи 1,41 милијарди тони товар, што исто така го опиша како „рекордно високо ниво“.

Властите го припишуваат зголемувањето на приходите на проширувањето на каналот во 2015 година.